Несреќа
Автомобил излетал од патот во близина на Завој
Автомобил со ресенски регистарски таблички излетал од патот во близина на село Завој. Две лица се здобиле со тешки телесни повреди.
На 13.11.2022 во 04:30 часот пријавено е дека на магистрален пат Ресен-Охрид во близина на селото Завој, патнички автомобил „сеат ибица” со ресенски регистарски ознаки, управуван од Б.М.(22) од Ресен, излетал од патот.
Притоа, возачот и сопатникот Е.И.М.(19) од Ресен, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител и полициски екипи – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


