Skip to main content

Министерство за внатрешни работи

Од утре задолжителна зимска опрема

Од МВР апелираат до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување зимска опрема бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.
 |  инфодеск  | 
Зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од утре, 15 ноември, до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема во согласност со одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото за безбедно учество во сообраќајот на патиштата („Службен весник“ бр. 31 од 2010 година).