Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Поевтинуваат горивата

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 93,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 со цена од 96 денари за литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава за 96 денари.
 |  инфодеск  | 
Горива

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, пониски цени. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), литар еуродизел од полноќ се намалува за два и пол денари, а бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 ќе поевтинат за 0,5 денари по литар.

Според одлуката, литар еуросупер БС-95 ќе чини 93,5 денари, а еуросупер БС-98 ќе се продава за 96 денари за литар. Литар еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава за 96 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за 91 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг и ќе изнесува 49,189 ден/кг.