Skip to main content

Сектор за внатрешни работи

Дилер на дрога од Струга приведен во Охрид

Во Охрид лишен од слобода е 34-годишен стружанец кај кого се пронајдени капсули, предмети со остатоци од бела прашкаста материја, дигитална вага и др.
 |  инфодеск  | 
Приведен

На 12.11.2022 во 23.55 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е С.К.(34) од Струга.

При претрес претходно извршен по судска наредба, полициските службеници, кај него, како и во две соби во хотел лоциран на булеварот „Туристичка”, што привремено ги користел, пронашле капсули и предмети со остатоци од бела прашкаста материја, дигитална вага како и други предмети. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.