Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ч.(43) од струшкото село Драслајца.
При претрес извршен во неговиот дом по добиена судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пиштол „Валтер” калибар 9 милиметри и 10 куршуми за ловечка пушка, калибар 16 милиметри што нелегално ги поседувал – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.