Усвоен ребаланс на општинскиот буџет
Советниците го усвоија вториот ребаланс на буџетот на општина Охрид. Претрепеа измени седумнаесет програми. За опозицијата се спорни и неприфатливи предлог одлуките, како што кажаа, за намалување на средствата во програми и капитални инвестиции наспроти непродуктивни трошоци. Живка Ангелоска, советничка и координатор на коалицијата на опозицијата, ги наброја програмите каде што има кратење на средства за локален економски развој на општината, во туризмот, животната средина, спортот, образованието, социјалната заштита, ТППЕ, но и средствата за уредување на градежното земјиште.
„Од почетокот до сега тука се кратат најмногу средства, во таа програма за 30 милиони денари. Сите големи проекти се одстрануваат со ветување дека ќе се реализираат во наредниот период .Зборуваме за реконструкција на Крушевска Република, уредувањето на паркот Ден Долард, за реконструкција на ул 7ми Ноември , велосипедската патека Охрид- Св Стефан“.
Советниците од владеачкото мнозинство во Советот на општина Охрид ги негираат забелешките на колегите од опозицијата. Според, Перчо Божиноски, кородинатор на Вмро Дпмне, ребалансот не значи кратење на средства од буџетот туку се врши прераспределба на средствата од една во друга ставка каде што е потребно.
„Проектите остануваат, се намалуваат средствата по спроведените тендерски постапки. Сумите од цените кои се добиле пониско му се даваа можност на советот, останатите средства кои се преостанати, а предвидени да ги прераспореди и да ги искористи во други проекти.“
Проектите и капиталните зафати нема да се откажат туку ќе се работат во фази и изготвување на подготвителни проекти, уверуваат од Вмро Дпмне.
Секретарот на општината Александар Китески, напомена дека енергетската криза и доспеаните извршни налози за општината негативно се одразиле врз финансиите којшто довеле до втор ребаланс на буџетот.