Денес Министерството за здравство одлучува за вакцината за новиот грип
Министерството за здравство денеска треба да донесе одлука од кого и какви вакцини ќе купи за превенција од новиот грип А(Х1Н1).
табла

Одлуката ќе биде донесена откако претходно ќе се знае дали Холандија ќе може да и испорача вакцини на Македонија, од кои дел треба да бидат донација, а дел да се платат.
Доколку Холандија не одговори позитивно на македонското барање, најверојатно вакцината на „Новартис“против грипот А ќе биде избрана од страна на Министерството за здравство.
Министерот за здравство Бујар Османи вчера изјави дека кинеската вакцина, иако е со најниска цена, најверојатно нема да биде прифатена бидејќи не е регистрирана во Европската агенција за лекови МЕА.
Првите од 100 до 200 илјади, од планираните 800 илјади вакцини, треба да бидат испорачани најдоцна до почетокот на ноември, кога и започнува вакцинацијата против грипот.

{loadposition content9}