Идентична слика во Охридските претпријатија
Зголемената цена на електричната енергија, цената на горивото и усогласување на платите на вработените со законската минималната плата се трите најголеми причини што претставуваат проблем за работaтa на Јавните Претпријатија во Охрид. Ова го покажуваат извештаите предложени за усвојување на денешната седица. Координаторката на советничката група на СДСМ Живка Ангелоска свесна за тешката состојба на претријатијата, даде критики со цел подобрување на состојбата.
„Ќе зборувам врз основа на финансиски показатели, во насока не толку да критикувам колку во насока доколку постојат можности одредени ставки да бидан намалени или приходите да бидат зголемени, да се даде максимумот да ги одржиме јавните претпријатија колку што можеме во кондиција.“, кажа, Живка Ангелоска советничка од СДСМ.
Советничката Ангелоска посочи дека во извештаите се забележува зголемување на трошоците за репрезентација кај јавните прептријатија и зголемување на адвокатските трошоци кај одредени прептријатија. Конкретно, таа го потенцираше намалувањето на приходите на ЈП Билјанини Извори.
„Во делот на рампите, или таканаречена премиум зона само за јули и август имаме намалено приходи приближно за 3.000.000 денари. Договори за вонградежна парцела милион и триста ние не даваме дозволи за градби па после да правиме приходи во однос на договори за паркинг на вонградежни парцели . На стадионот 600.000 намалување. 500.000 денари заради неорганизирање концерти на Базенот.“, посочи Теодор Андоноски Директор на ЈП Билјанини Извори.
Кај помалите претријатија, како Градски Пазар, загрижува состојбата бидејќи имаат намалени приходи во однос на поголемиот број закупени тезги. Кај прептријатието Градски гробишта дуплирана е загубата во однос на претходниот квартал, обвини Ангелоска. На нејзината реакција за загубите на вода што се уште се голем проблем за претпријатието Водовод, директорот образложи дека тоа се должи на застарена водоводна мрежа, застарена и недоволна механизација, како и недоречености со законската регулативата.
„Ќе треба да се направат некои законски измени за да можеме слободно да пристапиме. Пред неколку години Уставниот суд има донесено одлука да не може да се исклучи домаќинство од напојување со вода. Постапката е долга и спора, да се излезе на терен со Инспектор.“ кажа Марјан Ристески, Директор на ЈП Водовод.
Виолета Аврамоска, советничката на Левица пак запраша зошто ЈП Комуналец и покрај големиот број вработени, во секторот финансии ангажирала приватна сметководствена фирма?
„Неминовно беше да се ангажира надворешно сметковдство за појасно да се види како се разботело. Заради законско и транспарентно работење беше ангажирано сметковеното друштво, да продолжиме законски да работиме а меѓувреме да утврдиме колку изнесува долгот. Можам да кажам дека долгот не е конечен од причина што тука не се пресметани каматите, меѓутоа не е книжено се од претходно. Во меѓувреме ги книжиме работите за да видиме која е точната состојба, целта не е да скриеме нешто туку да утврдиме колку изнесува долгот.“, тврди Саше Најдески Директор на ЈП Комуналец.
Советниците на денешната седница ги изгласаа предлог извештаите за работата на јавните претпријатија во јули, август и септември годинава, иако јасната слика за состојбите на претпријатијата би ја дале годишните извештаи за нивната работа.