На 15.11.2022 година од 8 до 15:30 часот, полициски службеници и претставници на Шумската полиција од Охрид извршија контроли на шумскиот појас „Мазатар” на планината Галичица.
Притоа, во одделот 14 со кој стопанисувал правен субјект со седиште во Охрид забележани се 32 бесправно пресечени букови стебла. Се преземаат мерки за расветлување на настанот – информираат од СВР Охрид.