Насилство против одредена личност
Две лица поттикнувале омраза на веб портал
Кривична пријава за две лица. По објавен текст на еден веб портал, постирале коментари со кои промовирале и поттикнувале омраза и насилство против одредена личност.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(48) од Скопје и А.А.(69) од Штип.
Тие, по објавен текст на еден веб портал, постирале коментари со кои промовирале и поттикнувале омраза и насилство против одредена личност – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.


