Skip to main content

Оваа година затворот Гвантанамо останува отворен

Американскиот министер за правда Ерик Холдер призна дека ќе биде тешко затворот во Гвантанамо на Куба да биде затворен во јануари идната година, како што вети Владата на претседателот Барак Обама.

 |  Крсте Голабовски  | 
Gvantanamo
Гвантанамо

Американскиот министер за правда Ерик Холдер призна дека ќе биде тешко затворот во Гвантанамо на Куба да биде затворен во јануари идната година, како што вети Владата на претседателот Барак Обама.

GvantanamoЌе биде тешко да го испочитуваме определениот рок 22 јануари, рече Холдер во Вашингтон. – Сметам оти најпосле затворот во Гвантанамо ќе биде затворен, додаде министерот.
Тој не разјасни какви се пречките за затворање на затворот, во кој што досега се затворени 223 лица. Од нив околу 80 можат да бидат ослободени, а 60 подлежат на судска истрага.
Влијателната Асоциација за заштита на граѓанските слободи изрази силна загриженост од изјавата на Холдер и посочи дека затворот е симбол на беззаконие и бруталност.

– Во демократија нема место за затворски систем, во кој е можно да се држат луѓе бескрајно долго, без обвиненија и судски процес, се вели во коминике на организацијата.



{loadposition content9}