УХМР соопшти дека утрово до 08:30 часот најстудено било во Скопје – Петровец и Крива Паланка, седум степени, додека максимални 14 степени се измерени во Битола и Демир Капија. Најмногу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврнал во Охрид, вкупно седум литри на метар квадратен.
Утрово се измерени и осум степени во Берово и Лазарополе, 9 во Куманово, 10 во Тетово и Маврови Анови, 11 во Штип, Струмица, Гевгелија и Претор, 12 во Охрид и Виница, како и 13 во Прилеп и Дојран.
Во Куманово водниот талог е 6 литри на метар квадратен, 4 во Крива Паланка, Претор и Пожаране, 2 во Скопје – Зајчев Рид и Крушево, и еден литар на единица површина во Скопје – Петровец и Виница.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а на места повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 21 степен.