На 18.11.20220 година во 22:30 часот, поради сторен прекршок по член 113 од Законот за риболов и аквакултура, во ОВР Струга приведен е О.Д.(24) од Струга.
При преглед извршен на крајбрежјето на реката Црн Дрим во близина на Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа торба, негова сопственост, во која имало уловена јагула. По целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.