Најмалку 14 лица загинаа, a 17 се повредени во земјотресот што утрово ја погоди Џакарта, Индонезија.
Десетици згради се оштетени, а жителите на Џакарта во паника по силниот потрес.
Агенцијата за метеорологија и геофизика БМКГ утринава соопшти дека земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала неколку секунди ја потресе индонезиската престолнина Џакарта.
Во истото соопштение се наведува дека епицентарот на земјотресот бил во градот Чианџур во Западна Јава, на длабочина од 10 километри. Се додава дека нема потенцијал за цунами.
Некои луѓе ги евакуираа канцелариите во централниот деловен кварт на Џакарта.
Новинарите на „Франс прес“ објавија дека добиле инструкции да ја напуштат редакцијата.
Индонезија се наоѓа на „огнениот појас“ на Пацификот, поради што често е погодена од земјотреси.