Skip to main content

Охридски планински јубилеи

Ехо патува во Охрид

Охриѓани во текот на првиот ден од овој настан, ќе можат да се дружат со заедницата од својот град, која е силно вљубена во планините и која слави троен јубилеј: 60 години планинарство, 40 години алпинизам и 20 години Планинска Спасителна Служба при Црвен Крст Охрид.
 |  инфодеск  | 
Ехо охрид

Тродневен настан посветен на вљубеноста на Охриѓани во планините и природата, „Ехо патува – во Охрид, Охридски планински јубилеи“.

На 29-ти ноември настанот започнува во 19 часот, во седиштето на Планинската спасителна служба во Охрид.

Охриѓани во текот на првиот ден од овој настан, ќе можат да се дружат со заедницата од својот град, која е силно вљубена во планините и која слави троен јубилеј: 60 години планинарство, 40 години алпинизам и 20 години Планинска Спасителна Служба при Црвен Крст Охрид – информираат организаторите.

Во следните два дена пак, ЕХО ќе сподели дел од својата најактуелна програма – од овогодинешното издание.

*** Среда, 30 ноември 2022, 19ч
19:00 „Балкан Експрес“, Филип Бекер/Јоханес Мулер, Германија, 2022, 40’
19:40 „Поврзување“, Ник Ковалски, Нов Зеланд, 2022, 30’
20:10 „Доме слатки доме“, Ентони Комарницки, Франција, 2021, 16’
20:30 ПАУЗА
20:45 Филм на Кочо Недков
21:00 „Даулагири е мојот Еверест“, Павол Барабаш, Словачка, 2021, 64’

*** Четврток, 1 декември 2022, 19ч
19:00 „Одмор на Бафин“, Сара Мекнер Лендри/Ерик Бумер, Канада, 2022, 13’
19:13 „Адам Ондра: Поместување на границите“, Јан Шиманек/Петр Заруба, Чешка, 2022, 77’
20:30 ПАУЗА
20:45 Филм на Кочо Недков
21:00 „На висина: развојот на медицината за големите висини“, Давид Пихлер, Германија, 2021, 73’