Skip to main content

Екологија

Осцилациите на водостојот атак за езерскиот жив свет

Данокот го земаат климатските промени и испуштањето на водата. Стоп за третманот на езерото како вештачка акумулација, порачуваат еколозите.
 |  Валентина Неловска  | 
Водостој Охридско езеро

Намалениот водостој на Охридското езеро има лошо влијание врз живиот свет,а деновиве е повторно во фокусот на загрижените еколози. За губитокот на вода во езерото тешко е да се каже дали се случува како резултат на климатските промени, со натпросечните температури во овој дел од годината или од долгогодишната пракса природното езеро да се користи за производство на електрична енергија, посочува Ѓоко Зороски, охридски екологист од ЕД Грашаница. Потсетува дека Охридското езеро со децении се третира како вештачка акумулација за производство на струја.

Водостој Охридско езеро

„Потребна е промена во примитивниот испуст кај Струга и начинот на кој се третира езерото. Не се почитуваат минималните дозволени коти согласно законската регулатива. Потребно е да се ревидира тој договор со соседна Албанија за да се стави крај на третирањето на езерото како вештачка акумулација“, вели Зороски.

Охезеро

За живиот свет во езерото не се оптимистички прогнозите за претстојната зима, а поврзани со климатските промени. Високите есенски температури ќе придонесат за нагли временски промени со појави на дождови и ветар. Тоа ќе го почуствуваат и луѓето и животинскит свет покрај крајбрежниот појас. Водниот талог нема да паѓа рамномерно, ќе има почести поплави, а ветровите ќе предизвикуваат материјални штети, предупредуваат еколозите

Секако би влијаеле врз биолошката разновидност . Ќе се случат промени во температурата и ќе има влијание врз начинот на живот. Не знаеме што би се случило додека не се случи. Тие се организми кои се разликуваат од условите на живот во средината. Прво треба да видиме, за жал, па да делуваме. Како мала држава не можеме многу да направиме за глобалните климатски промени предизвикани од големите светски сили“, нагласува Зороски.

Наглите осцилации на водата во езерото се многу опасни за рибите и живиот свет во езертот. Со намалување на нивото на водата се намалува количината на кислород којшто може да доведе до помор на одредени видови риба и да се случи еколошки инцидент сличен како оној од пред неколку години во каналот Студенчишта.