Skip to main content

Режисер милчо манчевски

Филмот Кајмак повторно пред охриѓани

На 25-ти ноември во петок, со почеток во 20 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ повторно ќе се прикажува филмот „Кајмак“.
 |  инфодеск  | 
Сара Климоска

На барање на публиката најновиот филм „Кајмак” на режисер Милчо Манчевски, повторно на кино репертоарот во НУЦК “Григор Прличев”-Охрид. Филмот ќе се прикажува во петок на 25-ти ноември со почеток во 20 часот. Картите се по цена од 150 денари.

„Кајмак” е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода – информираат од Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.

Промоција на Кајмак

Во филмот играат глумците Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.