Skip to main content

Кривична пријава

Две лица ширеле говор на омраза на фејсбук

Кривична пријава за две лица кои по објавен текст од портал, на фејсбук постирале коментари со кои ширеле говор на омраза кон одредена група граѓани, информираат СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Фејсбук

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Ѓ.(57) од Радовиш и Д.Р.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.

Тие, на 24.06.2022 по текст од интернет портал објавен на социјалната мрежа Фејсбук, постирале коментари со кои ширеле говор на омраза кон одредена група граѓани – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.