Skip to main content

Утрово камион пропадна на плоштад Македонија

Камионот е со турски регистерски таблички и е дел од тимот на турска филмска продукција која снима филм во Скопје.
 |  инфодеск  | 
Пропаднат камион

Камион утрово пропадна на плоштадот „Македонија“. Станува збор за возило на приватна компанија кое со тркалата пропаднало во плочникот во делот каде се наоѓа партерната фонтана.

Камионот е со турски регистерски таблички и е дел од тимот на турска филмска продукција која снима филм во Скопје.

Пропаднат камион

Ова не е првпат камион да пропадне во партерната фонтана на плоштадот. И пред три месеци пропадна камион, кој беше извлечен со возило на „Градски паркинг“. Од Град Скопје тогаш најавија санкции против приватната фирма чиј камион влегол на плоштадот „Македонија“.

Досега неколку пати камиони пропаѓале низ плочките на партнерната фонтана. Во 2017 пропадна камион на ЈП Улици и патишта, кој поставуваше бина за пречек на европскиот ракометен шампион „Вардар“.

Лани во март во фонтаната пропадна ново камионче за чистење улици.

Водата од фонтаната понира меѓу плочките, се прочистува и се враќа во системот, и затоа тие плочки не се предвидени за по нив да се движат тешки возила. Околу плоштадот „Македонија“ има кружна црна патека од гранит којашто е предвидена да издржи тежина на камиони.