Подготвителни активности
Нов асфалт на неколку улици во Долно Лакочереј
Според планот предвидено е асфалтирање на вкупна површина од 1300 м2, напиша градоначалникот Кирил Пецаков, на официјалниот фејсбук профил.
Во тек се подготвителни активности за асфалтирање на неколку улици во село Долно Лакочереј.
Според планот предвидено е асфалтирање на вкупна површина од 1300 м2 – напиша градоначалникот Кирил Пецаков, на официјалниот фејсбук профил.

Во склоп на годишните програми на Општина Охрид, претходно беа асфалтирани и неколку улици во селото Горно Лакочереј.


