Јп охридски комуналец
Засадени зимзелени садници во ОЕМУЦ
Зимзелени декоративни садници и цветен расад денеска беа засадени во училишниот двор од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ во заедничка акција со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
Денес реализиравме заедничка акција со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ засадувајќи зимзелени декоративни садници и цветен расад од сопствено производство во училишниот двор од оваа образовна установа. Дадовме заеднички придонес во подигнување на еколошката свест за зачувување на здрава животна средина, како и обврска за грижата на околината која не опкружува – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.



