Реновиран музејот Д-р Никола Незлобински во Струга
Реновиран научно природниот музеј „Д-р Никола Незлобински” во Струга. Променета е комплетно целата дограма и покривот, средена е и фасадата. Во рамките на проектот поддржан од министерството за култура градежни зафати имаше и во енетериерно уредување, поставени се нови подни плочки, таваница и осветлување. Целосната реконструкција чини 3 500 000 денари.
Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со природно научната поставка во подобрени услови.
Се промени комплет кровната конструкција. Фасадата се освежи се реновира исто така и внатрешниот дел, ќерамички плочки, таваницата, светлата. Уште еднаш да кажам голема благодарност – вели Јован Василески, вработен во музеј Струга.
Планот на научната институција е замена на постоечките витрина на поставките, но и изградба на нов галериски простор. Тоа се очекува да се случи идната година доколку се добијат финансиски средства од министерството за култура.
Преостанува да се извршат уште некои работи во природно научниот музеј. Замена и освежување на витрините за што веќе имаме поднесено проект за идната година. Исто така и во атриумот на музејот е предвиден да се изгради еден галериски простор со нова кровна конструкција. Тие работи ќе се изведат ако се добијат средства идната година – додава Василески.
Музејот „Д-р Никола Незлобински”, кој е воедно првиот природнонаучен тематски музеј во земјава, во Струга е отворен во далечната 1938. Во него се изложени препарирани животни присутни во поднебјето. Денес, музејот се наоѓа во истата зграда, а експонатите се уште пленат со својата афтентичност.
Многу од видовите, исчезнале после пресушувањето на струшкото блато, но за богатството на регионот сведочат околу 8000 примероци ( 6000 од нив, инсекти и пеперутки), кои можат да се погледнат во природонаучната поставка.
Новинар : Соња Рилковска