Ал Каеда и објави света војна на Кина
„Атеистите криминалци, долго време се користеа со зли и брутални средства против муслиманите во Туркистан“, рече Абу Јахја ал Либи, кој што понекогаш го претставуваат како командант на Ал Каеда во Авганистан.
„Илјадници муслимани се убиени, а за тоа никој не знае“, рече ал Либи во 20 – минутната порака посветена на Ујгурите во Кина.
Ујгурите, историски и јазично поврзани со туркофоните народи во централна Азија, се мнозинско население во западната кинеска покраина Ксинџијанг, која што исламистите ја нарекуваат Источен Туркистан.
Речиси 200 луѓе се убиени, а илјадници се ранети и уапсени во судирите на Ујгурите со мнозинскиот кинески народ Хан во немирите во јули, годинава.
„Муслиманите мора сериозно да се подготват за џихад (света војна) и оружјето да го вперат кон безобзирните освојувачи“, рече ал Либи.
{loadposition content9}