Skip to main content

Свеченост

Одржан концертот Sound of Egypt

Синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа годинешниот концерт „Sound of Egypt” на кој присуствуваше и градоначалникот Кирил Пецаков.
 |  инфодеск  | 
Настан еѓипќани

Градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков и секретарот на општината Александар Китески, синоќа присуствуваа на годинешниот концерт „Sound of Egypt”.

Настан еѓипќани

Големо задоволство ми причинува што Охрид беше домаќин на овој прекрасен културен настан преку кој доаѓаат до израз нашите заеднички заложби за негување на културата, традициите и обичаите на Египќаните. Тие се важна алка во градење на соживот и меѓусебно почитување и разбирање во општеството. Мултикултурализмот и еднаквоста треба да бидат важен приоритет во нашето секојдневно делување, а унапредувањето на правата на египќаните наша заедничка цел и предизвик. Сите сограѓани независно од верска, етничка или расна припадност се рамноправни и еднакви за мене. Битен е човекот, неговата добронамерност и вредностите кој тој ги негува, а се во насока на општествен развој и напредок. Затоа и понатака ќе работиме на зајакнување на економската и социјалната вклученост на Египќаните во секојдневните општествени текови – напиша градоначалникот Пецаков на официјалниот фејсбук профил.

Настан еѓипќани
Настан еѓипќани