Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, на некои места од земјата се очекува да провејува снег. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови од -2 до 4 степени, а дневната од 3 до 10 степени Целзиусови.
И утре, според УХМР, утрото ќе биде студено со температура од -5 до 4 степени, а преку денот времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.