Регулаторна комисија за енергетика
Од полноќ нови цени на горивата
Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продаваат по намалени цени, додека пак мазутот ќе поскапи, одлучи денеска Регулаторната комисија.
Од вечерва на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на еуросупер БС95 и еуросупер БС98 од полноќ се намалуваат за два денари за литар, па така, литар еуросупер БС95 ќе се продава за 84,5 денари, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 86,5 денари за литар. Малопродажната цена на еуродизел се намалува за 1,5 денар и од полноќ ќе се продава за 86,5 денари за литар.
Од полноќ со нови цени ќе се продаваат и екстра лесното масло за домаќинство и мазутот. Екстра лесното масло поевтинува за еден денар за литар и ќе чини 82,5 денари, додека пак, цената на мазутот се зголемува за 0,027 денари за килограм и ќе чини 41,81 денари.


