Лудвиг минкус
Балетската претстава Дон Кихот на 2 декември во НОБ
На 2-ри декември со почеток во 20 часот во Националната опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Дон Кихот“.
| инфодеск | Македонија
На сцената на Националната опера и балет на 2-ри декември 2022 со почеток во 20 часот ќе се изведе балетската претстава во два чина „Дон Кихот” од Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина.
Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина. Концерт-мајстор е Јане Бакевски.