Skip to main content

Помалку склучени бракови

Негативен природен прираст во Македонија

Државниот завод за статистика објави дека во третиот квартал од 2022 година има негативен природен прираст и помалку склучени бракови.
 |  инфодеск  | 
Новороденче

Во третото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4 956 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 3.0 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица бележи намалување од 28.9% во споредба со лани, односно 5 145 лицa, од кои 12 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е -189 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината склучени се 4 614 бракови и нивниот број е намален за 5.1 % во споредба со истиот период од 2021 година.

За третиот квартал од 2022 се добиени 314 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 13.0 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година.