На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ денеска беше изведена симулациска вежба на паднат авион, организирана од противпожарните екипи на Аеродромот. На вежбата учествувале сите инволвирани итни служби од Охрид и Струга, односно територијалните противпожарни единици, брзата помош и полицијата.
Целта на вежбата, како што информира командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски, било временското пристигнување на итните служби во случај на воздухопловна катастрофа.
Ваквите вежби се од големо значење. Во случај на реална ситуација, брзината, меѓусебната координација и тактичкиот и технички пристап на лице место е пресуден за намалување на последиците – изјави Јанкулоски.
ТППЕ Охрид, според него, покажала професионалност и спремност на највисоко ниво.