Милошоски на неформален состанок во Истанбул
Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Jугоисточна Европа(ПСЈИЕ).
Антонио Милошоски

На Состанокот, што ќе се одржи во Истанбул, ќе се разгледуваат генералните линии на дејствување на турското претседателство со Процесот што Турција го презеде во јуни оваа година, по што се очекува да биде конципирана работната програма на ПСЈИЕ за наредниот период.
Во рамките на работниот престој во Турција, министерот Милошоски ќе учествува и на 12–тата Конференција на Балканскиот политички клуб, што ќе се одржи во сабота во Истанбул.

{loadposition content9}