Запуштање и малтретирање на дете
Кривична пријава против охриѓанка
Кривична пријава против 36-годишна охриѓанка која ангажирала малолетничка да го чува нејзиниот малолетен син со што постапила спротивно на решението на Центарот за социјални работи.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Г.(36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”.
Таа, на 11.11.2022 година ангажирала 17-годишна малолетничка да го чува нејзиниот малолетен син со што постапила спротивно на решението на Центарот за социјални работи, според кое синот и бил доделен на чување и воспитување – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


