Skip to main content

Ретко е да си редок

Хуманитарен концерт во црквата Света Софија

Утре со почеток во 19 часот во црквата Св. Софија, УЖ на ВМРО ДПМНЕ организира хуманитарен настан под мотото „Единствени сме во различноста-Сите сме еднакви“.
 |  инфодеск  | 
Хуманитарен концерт

Под мотото „Единствени сме во различноста – сите сме еднакви“ утре од 19 часот ќе се одржи хуманитарен настан во црквата „Св. Софија“ во Охрид.

На настанот ќе земат учество познати охридски уметници. Билетите чинат 150 денари и истите се подигнуваат на влезот на црквата. Собраните средствата се наменети за Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид.

Организатор на настанот е Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Ова е убава можност да се даде поддршка на здружението „Ретко е да си редок“ кое работи на подигнување на свеста за предизвиците и потребите на лицата со ретки болести и кое со своето делување го стави Охрид на мапата на глобалната кампања на Rare Disease Day.