Интернационалната компанија Slice го проширува својот тим
Со фокус поставен на луѓето и тимот, интернационалната компанија Slice го гради својот успех континуирано на светскиот пазар. Професионалноста, иновативноста и посветената работа се само дел од вредностите кои тимот на Slice ги воведува во својата секојдневна работа.
За атмосферата и работата во Slice слушнете од самите вработени во компанијата во одделот за продажба, кои повеќе години се. Луѓето ни се највредни, ги цениме нашите вработени и тие ни се најбитни, вели Илир Реџа, senior sales manager во Slice.
Бараме луѓе кои имаат самодоверба и се подготвени да учат. На почетокот дури не мора ни вистински да поседувате самодоверба во продажба, важно е само да ја применувате низ работата. Потребно е да имате енергија и ентузијазам, а воедно и да имате можност и желба да учите и напредувате. Ако ги имате овие работи, да успеете во продажба е само следниот чекор, вели Емилија Наумовска, senior sales manager во Slice.
Моментално на локално ниво Slice работи во Скопје, Охрид и Дебар. Истовремено остваруваат директни соработки со над 19.000 пицерии во околу 2.000 градови низ САД.