На 7-ми декември со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи Свечена академија во организација на ОСУ „Св. Климент Охридски“ и Општина Охрид.
Настанот е по повод 8-ми декември, патронен празник на ОСУ „Св. Климент Охридски“.
Својот патронен празник ќе го одбележи и Основното училиште „Св. Климент Охридски“ со пригодна свеченост која ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ на 6-ти декември со почеток во 19 часот.
Програмата започнува во 18:30 часот со продажна акција. Потоа следи свечена програма со обраќање на директорот Јордан Пуроски, доделување на награди, како и музички изведби на учениците.
Во четврток на 8-ми декември ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на „Св. Климент Охридски“ во дворот на училиштето.