Skip to main content

Солидарност преку волонтерство

Црвен Крст со отворен ден за волонтери

Општинската организација Црвен Крст Охрид, денеска по повод светскиот ден на волонтерството организираше отворен ден за активисти и идни волонтери.Најбројни посетители беа ученици на подрачното Основно училиште Григор Прличев од населба Рача. Тие имаа можност да ги научат основните принципи на активизмот и волонтерството, да се запознаат со активностите на организацијата и да станат нејзини членови.
 |  инфодеск  | 
Отворен ден Волонтерство

„Солидарност преку волонтерство, дејствуваме заедно“ e мотото под кое годинава се одбележува светскиот ден на волонтерството. Во просториите на Црвен Крст Охрид по тој повод денеска беше организиран Отворен ден за волонтери на кој заинтересираните имаа можност да се запознаваат со активностите и принципите на ова благородно хоби. Најбројни посетители беа ученици на подрачното основно училиште Григор Прличев од населба Рача.

Овие млади потенцијални активисти проследија предавање, имаа можност да се запознаат со постојните волонтери, а со тоа и да разберат како да станат покрисни во заедницата. Елена Спироска ученичка во училиштето, волонтерски веќе учествувала при спортски активности и размислува за волонтерски ангажман во Црвениот крст.

Јас лично ја прифатив прекрасно исто така како што ги забележав и другарчињата мои, беше преубаво искуство, многу поучна презентација, баш ни е мило што присуствувавме во вакво нешто, како помагање на лицата со посебни потреби и на децата што немаат родители и слично.“, вели Елена Спироска ученичка во ООУ „Григор Прличев“ во Н.Рача.

Активности како денешниот отворен ден се огромен поттик за дечињата да го сфатат вистинското значење на волонтерството и во понатамошниот период да се вклучат во активностите на Црвен Крст, вели Анастасија Настеска психолог во ООУ „Григор Прличев“- Охрид.

Оваа приказна за Црвениот крст и посебно за волонтерите ми беше голема чест и предизвик да ги вклучам баш учениците од нашето подрачно училиште при Григор Прличев, голем дел од нив не присуствувале и не биле дел од овој тим. Баш ми е драго што ги поттикнавме на овој начин да учествуваат на оваа вистинска приказна која што кај нив ќе ја развие хуманоста, доборволноста и се надевам дека се повеќе ќе влезат како членови во оваа организација.“, кажа Анастасија Настеска – психолог.

Интересот на волонтерите во Охрид е континуиран и во значителен пораст затоа што се работи со посебна стратегија за менаџирање со волонтери. Преку ваквите активности и обуки младите ги насочуваме кон практики и вредности кои ќе бидат корисни во понатамошниот тек од животот, посочува Сашо Точков претседател на Општинската организација на Црвен Крст Охрид.

Токму и обуките коишто ги понудуваме од врснички едукации за ментално здравје, за сексуално преносливи инфекции и за се што навистина постои во светот се многу корисни и ги привлекуваат младите волонтери. Горди сме што голем број волонтери преку 1000 ги имаме во Црвен Крст- Охрид се посветени на нашата организација и на волонтерството и преку одработување на волонтерски часови се изградуваат себеси.“, потенцира Сашо Точков претседател на ОО Црвен Крст Охрид.

Активностите завршија со презентација на ПХВ проектите изработени од волонтерите на Црвен Крст кои се најзаслужни за добивање на пехарот за најдобра хуманитарна организација во целата држава што веќе по 4-ти пат го добива Охридскиот Црвен Крст.