Во рамките на општинската програма за прослава и одбележување на 8 декември – Денот на Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид се вклучува и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
Утре во 12.00 часот во Прличевата одаја на свечен настан д-р Наум Целакоски и д-р Павле Митрески ќе бидат прогласени за почесни членови на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
За нивниот творечки и животен пат ќе зборува м-р Димитар Смилески, а за содржината и пораките од стихозбирката „Зелената месечина во очите на мајка ми“ од д-р Целакоски ќе се осврне писателот Смиле Наумоски – Брсјак.
Во чест на празникот свој говор ќе одржи директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски, а прв јавен настап ќе има новиот детски хор „Бамбино“ под раководство на Снежана Караџовска – Попова од Охрид.