Санитарни јазли
Реконструктивни зафати во охридската гимназија
Финансиските средства за реконструкција на санитарните јазли во ОСУ „Св. Климент Охридски“ се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Градежни работи деновиве се одвиваат во ОСУ „Св. Климент Охридски“.
Во училиштето се реконструираат санитарните јазли. Дополнително тука се врши и реконструкција на училишните простории. Финансиските средства за овие зафати се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, информира градоначалникот Пецаков.



