Skip to main content

Нема да има организиран дочек за нова година

Струга ќе биде празнично украсена

Струга ќе блесне во Новогодишно руво. Ќе биде организиран концерт за најмладите, но нема да има масовен дочек на Новата година. Од општината велат за празниците нема да има рестрикции на уличното осветлување.
 |  инфодеск  | 
Струга украсена

Струга ќе блесне во празнично руво. Градот на мостовите ќе биде украсен за Новогодишните и Божиќните празници. Најавен е концерт за најмладите, но нема да има масовен дочек на плоштадот Мајка Тереза.

Поради кризата и препораките за штедење прославата ќе биде скромна, за оваа намена општината издвои 5000 евра.

Увидовме дека граѓаните сакаат повеќе, без оглед дека има енергетска криза нешто да се направи и во делот на украсувањето. Најголемиот дел се однесува на ангажирање на музичарите за одржување на концерт за деца, но ќе направиме надополнување на програмата за Новогодишен дочек – вели Арбреша Влаши, претседателка на Совет на општина Струга.

Струга украсена

И покрај енергетската криза, за празниците нема да има рестрикции на уличното осветлување. Градот ќе биде осветлен бидејќи се очекуваат голем број туристи.

Тоа значи дека за време на празниците Новогодишните и Божиќните централното јадро во градот ќе биде осветлен и ќе се прилагодиме кон празничната атмосфера – додава Влаши.

Општина Струга веќе неколку месеци штеди електрична енергија, јавното осветлување се исклучува, на што реагираат граѓаните, а поднесен и е Управен приговор.

Новинар : Соња Рилковска