По 24-ти пат, вечерва во Изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 19 часот ќе биде отворена традиционалната изложба на Фото клуб Охрид.
Изложбата е во чест на Св. Климент Охридски, Патрон на градот.
По дваесет и четврти пат членовите на Фото клуб Охрид преку фотографијата ја раскажуваат својата приказна. 16 членови ќе се претстават со 50 фотографии -информираат од Фото клуб Охрид.