Вчера на пригодна свеченост во националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје, претседателката на Библиотекарското здружение на Македонија, д-р Јана Михајловска на директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид Милчо Јованоски му ја врачи наградата „Библиотека на годината за 2022“ во категоријата национални установи.
Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, со пригодна свеченост беше прославен патрониот и државен празник, Свети Климент Охридски и се одбележа 50-годишнината од пуштањето во употреба на објектот на националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, проектантско дело на еминентниот македонски архитект Петар Муличкоски.
На свеченото одбележување присуствуваше заменик министерот за култура Даим Лучи, како и претставници на дипломатскиот кор.