Општина дебрца
Реконструкција на улица во село Горенци
Средствата се одобрени од страна на Бирото за регионален развој, од Програмата за развој на селата за 2022 година.
Денес започна реализацијата на проектот „Реконструкција и уредување на улица во село Горенци“.
Проектот опфаќа тротоарско уредување на главната улица во село Горенци, во должина од 529 метри и широчина на тротоар од 1,5 метри, а вкупната вредност на проектот изнесува 2.615,598 денари – информира градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески.

Средствата се одобрени од страна на Бирото за регионален развој, од Програмата за развој на селата за 2022 година.
Избран изведувач на работите е фирмата Проминг ДООЕЛ – Струга.


