Нема промени на АТП листата
На најновата АТП листа, од понеделник 12 октомври, во пласманот на 10 најдобри тенисери на светот нема промени, што значи дека на чело и понатаму е Рожер Федерер, зад кого следат Енди Мареј, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Еве како изгледа топ-тен за неделата пред нас:
1. Рожер Федерер (Швајцарија) 11 255 (0)
2. Рафаел Надал (Шпанија) 8 945 (0)
3. Енди Мареј (Велика Британија) 8 390 (0)
4. Новак Ѓоковиќ (Србија) 7 740 (0)
5. Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина) 6 555 (0)
6. Енди Родик (САД) 4 830 (0)
7. Жо-Вилфред Цонга (Франција) 4 100 (0)
8. Николај Давиденко (Русија) 3 710 (0)
9. Фернандо Вердаско (Шпанија) 3 400 (0)
10. Жил Симон (Франција) 3 285 (0)
Првиот “рекет” на нашата земја – Предраг Русевски, на најновата АТП листа го подобри својот ранкинг за 13 позиции и сега е 634-ти светски тенисер, додека Димитар Грабулоски напредуваше за 16 места, се до 1.321-та позиција.
Илија Мартиноски е 1.539-ти, што е за 15 позиции подобар пласман од пред недела дена, а омислав Јотовски стигна 1.682 позиција, што е ‘скок’ од 22 позиции.
{loadposition content9}