Се однесувал агресивно кон полициски службеник
Приведен охриѓанец
Приведен е 43-годишен охриѓанец кој го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеник.
На 10.12.2022 година во 01:40 часот, на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, К.С.(43) од Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеник кој преземал службени дејствија.
Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


