Skip to main content

Иновативност

Денес стартува Охриѓанка, картичката за попуст

Картичката „Охриѓанка“ со која охриѓани ќе можат да купуваат производи и услуги по пониска цена, веќе е достапна и може да се набави во просториите на Инсајд во Трговскиот Центар Амам. Триесетина компании веќе се дел од мрежата охридски ресторани, продавници, фитенс центри, бутици чии производи и услуги ќе бидат достапни по пониски цени за охриѓани. Дополнително, целиот концепт Охриѓанка има и своја хуманитарна нишка.
 |  инфодеск  | 
Охриѓанка картичка

Од денеска е достапна картичката Охриѓанка, со која охриѓани ќе можат да купуваат со попуст. Цените во Охрид, во споредба со светските туристички места, не се премногу високи, но граѓаните речиси и да немаат вонсезонски намалувања, па затоа преку целата година се туристи во сопствениот град. Од тука и произлегува идејата за создавање на картичката, вели еден од креаторите на концептот Охриѓанка, Никола Митрески, менаџер на Инсајд.

„Идејата е да се направи голема разлика за цени за туристи и за охриѓани, затоа што ние цело време сме туристи во својот град. Идејата е да се направи цена за охриѓани која ќе важи 365 денови и која ќе биде нормална ниска цена, а туристите да си плаќаат секогаш повисока. Со оваа картичка сакаме да постигнеме, да имаме ниски цени да можeме охриѓани да си дозволиме кафе секој ден или ресторан, вечера, бутици, златари и да не плаќаме како турсти. Затоа што цените во Охрид се исти цело време и нема корекција на есен или на зима. И сакаме со оваа картичка тоа да го постигнеме. И се надевам ќе го постигнеме.“, смета Никола Митрески.

Триесетина компании веќе се дел од мрежата охридски ресторани, продавници, фитенс центри, бутици чии производи и услуги ќе бидат достапни по пониски цени за охриѓани. Се очекува бројот на фирми кои ќе го прифатат концептот на Охриѓанка да се зголемува.

Процентот на попуст ќе биде различен во различни фирми а истиот ажурно ќе се објавува на веб страницата Охриѓани.мк. Компаниите кои ќе се вклучат и ќе ги понудат своите производи и услуги по пониска цена за охриѓани првите 3 месеци ќе добиваат бесплатна реклама на фејсбук и веб страницата на Охриѓани. Додека пак, граѓаните сопственици на картичката, покрај користење на попустот даваат и хуманитарен придонес.

Сакаме дел од финансиите да одат во хуманитарни цели. Десет денари од секоја продадена каричка ќе оди за хуманитарни цели. На крај на месецот, ќе ставиме листа на четири случаи на гласање на кои им е потребна помош, во соработка со наши членови од хуманитарни организации. Ќе се стават на гласање, и тој што ќе добие најмногу гласови, сите средства кои ќе се собрани во месецот ќе одат таму.“, потенцира Митрески.

Картичката еднократно се купува во просториите на Инсајд во ТЦ Амам со приложена лична карта и ситата чини180 денари. По истекот напрвиот месец од купување ќе треба да се плаќа по 180 денари како некој вид членарина. Но постои можност да се плати 1500 денари за цела година. Посебен пакет „Охриѓанка“ е предвиден за студенти, кои ќе можат со индекс и месечна доплата од 100 денари да ја користат картичката за попуст низ охридските локали.