Јп водовод охрид
Денес неколку часа без вода Стариот дел на градот
Од ЈП „Водовод“ Охрид информират дека денес неколку часа без вода ќе бидат жителите на неколку улици во стариот дел на градот.
Поради приклучување во мрежа на неколку објекти во новата водоводна линија на улицата „Христо Узунов“, на ден 13.12.2022 година (Вторник) од 08:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците : „Цар Самуил“, „Коста Абраш“ и сите улици од стариот дел на градот, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.


