Црвен крст
Крводарителска акција денес на ФТУ Охрид
Денеска од 10-14 часот ќе се реализира крводарителска акција на ФТУ Охрид под мотото „Подај рака за живот, дарувај крв“.
Денеска од 10 до 14 часот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се спроведе крводарителска акција под мотото „Подај рака за живот, дарувај крв“.
Ги покануваме студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид и сите хумани луѓе во Охрид и Дебрца да учествуваат на оваа крводарителска акција. Искористете го РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месецот на дарување за да ја искажете својата хуманост – велат од Црвен крст Охрид.


