На 13.12.2022 година, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода С.П.(44) Д.П.(51), и К.П.(75), сите од Охрид, кои, истиот ден во 15:30 часот во куќа во Охрид физички ја нападнале Н.К.(19) од Охрид, по што Д.П. и се заканил со пиштол.
Тие беа задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.