Skip to main content

Земјиштето на локалитетот да се заштити

Активистите бараат стопирање на постапката за урбанизација на Мауцкер

Дваесеттина граѓански организации од земјава бараат стопирање на постапката за управување и оттуѓување на локалитетот Мауцкер. Според нив постојат податоци дека таму се наоѓал античкиот град од римско време познат како Хермелеја. Активистите поднесоа приговор до општината и министерството за животна средина, доколку не се стопира постапката најавуваат дека ќе се жалат и во Стразбур.
 |  инфодеск  | 
Мауцкер

Дваесеттина граѓански организации од земјава бараат да се стопира урбанизацијата и продажбата на Мауцкер. Според нив станува збор за вреден археолошки локалитет, каде се наоѓал античкиот град од римско време-познат како Хермелеја. Веднаш до него се наоѓа црквата „Св. Еразмо“ и уште постарата монументална базилика „Св. Еразмо“ која е една од најстарите цркви во Европа, датирана пред VI век.

Во јавноста се погласни се реакциите дека земјиштето е од висока категорија и дека тоа веќе е заштитено со Закон за заштита на културното наследство. Активистите за заштита на културното наследство апелираат земјиштето на локалитетот Мауцкер кое е пренаменето за индустриска зона  да се заштити, а не да се продава.

Колегата Владо Маленко 1974 година кога се правел патот Струга Охрид отворил 16 вертикални сонди и ги утврдил остатоците на тој антички град под името Хермелеја. Еве ја мапата. Уште тогаш Маленко кажал дека таму постои стар град кој што воопшто не е истражуван. Е сега нашите урбанисти носат некој урбанистички план да го управуваме и продаваме тој комплекс, тоа не држи место и е спротивно на законите кои важат кај нас – вели Никола Киселинов од асоцијацијата „Билјана“.

Мауцкер

Активистите уште во 2014 поднеле барање до општина во кое појасниле дека комплексот Мауцкер е вредно културно наследство, а не е археолошки истражено. Денес повторно алармираат да се заштити природното и културното наследство.

Конкретно за локалитетот Мауцкер, ние викаме прво истражување да се утврдат границите каде има културно наследство. Таму каде што нема културно наследтсво нека се урбанизира. А не во случајот урбанистите и архитектите си донесле некој план за урбанизација без претходно да бидат запазени овие правни рамки кои што ги бара и законот за културно наследство и законот за урбанизација – додава Киселинов.

Мауцкер

Активистите поднесоа приговор до општина Охрид и до министерството за животна средина, доколку не се стопира постапката за Мауцкер ќе се жалат и во Стразбур.

Од Завод и Музеј Охрид, велат парцелите на Мауцкер кои се на државно земјиште, а на седница на Советот на Општина Охрид во август годинава беа изгласани за управување  и продажба, не се археолошки локалитети. Оттаму додаваат дека при изведба на градежни работи ќе се бара надзор од археолог со што се исклучува можноста да се гради врз земјиште кое претставува археолошки локалитет.

Мауцкер

Новинар : Соња Рилковска