Реконструкција на центарот за кардиологија во Охрид е предвидено со проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – Фаза 2”.
Договорот за финансирање на овој и уште 6 други проекти за развој на планските региони во Македонија го потпишаа министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и швајцарската амбасадорка во земјава, Вероник Улман.
Вкупната вредност на проектите за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој е 2.3 милиони швајцарски франци за седум плански региони. Министерството за локална самоуправа обезбедува 54% од средствата, а 46% е поддржано од Швајцарија.
Министерот Пенов истакна дека проектите кои ќе се финансираат се одбрани во консултација со граѓаните од секој плански регион.
Швајцарската амбасадорка потенцираше дека планските региони имаат долга листа на потреби, но поставувањето приоритети, креирањето и финансирањето проекти кои имаат опипливи резултати и долгорочен добротвор во животите на луѓето остануваат како потешкотија за планските центри како и за регионалните совети.
Министерот и амбасадорката разговарале за отворање на уште еден грант за планските региони, преку кој ќе се финансираат и проекти за енергетска ефикасност за општините, за да можат побрзо да се прилагодат на потребата за поголемо штедење на електрична енергија и за поефикасно функционирање.