СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Г.(54) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле 17 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал – се вели во соопштението на СВР Охрид.